28/03/2024
Струга

Приведен маж од струшко баран за затворска казна поради силување

На 02.04.2021 во 15:40 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во атар на село Подгорци, го приведоа А. А. (32) од с.Подгорци, Струга, кој се барал по распишана потерница од КПУ-Затвор Струга во врска со извршено кривично дело силување, осуден на две години казна затвор. Лицето ќе биде предадено на казнено поправната установа.