28/03/2024
Охрид

Приведен охриѓанец што извршил повеќе тешки кражби во Охрид

Секторот за внатршни работи Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.Т.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени 13 кривични дела „тешка кражба“. Пријавениот, казнените дела ги сторил во периодот од јули до ноември годинава во повеќе деловни објекти и куќи во Охрид, употребувајќи физичка сила и подесен алат. По насилното отворање на вратите, вршел пребарување по што одземал пари, колонијални производи, златни и други вредни предмети. Со извршувањето на казнените дела, пријавениот Б.Т. се стекнал со противправна имотна корист од 369.121 денари. Лицето е лишено од слобода.