25/04/2024
Охрид

Приведен патник од Турција кој на охридскиот аеродром приложил фалсификувана патна исправа

На 02.02.2023 во 16:00 часот на Граничен премин Аеродром Св.Апостол Павле бил приведен М.К.(28) од Република Турција затоа што при пасошка контрола на увид приложил патна исправа за која постои сомнение дека е фалсификувана.

Тој бил задржан во СВР Охрид и за настанот бил известен бил Јавен обвинител.


WebOhrid / 03.02.2023 / СВР Охрид