25/04/2024
Македонија

Приведен разбојник во Неготино, парите вратени на сопствениците

На 26.12.2019 околу 10.30 часот на ул.„Индустриска“ во Неготино, полициски службеници од Полициската станица Неготино го лишиле од слобода П.Ц.(24) од Неготино поради тоа што околу 08.00 часот со закана со остар предмет од вработени во казино во Неготино одзел пари и побегнал.

При преглед кај него биле пронајдени парите и биле вратени во казиното. П.Ц. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.