29/03/2024
Струга

Приведен скопјанец во авто-камп во Радожда, полицијата кај него пронашла марихуана

На 26.07.2021 во 23.30 часот во авто-камп во с.Радожда, струшко, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода А.А.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана. Тој бил приведен во полициската станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.