19/04/2024
Струга

Приведен стружанец кај кого била најдена марихуана

На 15.01.2021 во Струга, полициски службеници од Полициската сaтаница Струга го лишиле од слобода Р.Ш.(29) од Струга, затоа што при претрес во домот каде што престојува, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.