28/03/2024
Струга

Приведен вевчанец кој во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир во Струга

На 23.04.2019 година во 01:40 часот, на улицата „Велко Влаховиќ“ во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со викање и непристојно однесување од страна на Д.Б.(32) од Вевчани. Тој, во видно алкохолизирана состојба, на висок тон и агресивно однесување, ги вознемирувал станарите.

Д.Б. е приведен во полициската станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.