25/04/2024
Охрид

Приведен жител од Косово кој се барал со меѓународна потрага

На 17.07.2020 во 10.30 часот на Граничниот премин – Аеродром „Св.Апостол Павле“во Охрид,  при извршена контрола на лицето Ф.К.(57) од Косово, со шведска патна исправа, било утврдено дека се наоѓа на листата со мерка „Апси“ и е предмет на меѓународна потрага од Интерпол. Тој бил лишен од слобода и предаден во Полициската станица Охрид за понатамошна постапка.