25/04/2024
Охрид

Приведен жител од Лескоец кој физички го нападнал татка си

На дваесет и трети април оваа година во 13 часот и 30 минути, В.П.(68) од Лескоец, телефонски во СВР Охрид пријави дека, со тврд предмет бил физички нападнат од неговиот син В.П.(29). Притоа, нападнатиот В.П. (68), од ловната пушка која легално ја поседувал, кон sидот испукал еден проектил. Ловната пушка е одземена, а напаѓачот В.П.(29) е приведен.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.