20/04/2024
Охрид

Приведена охриѓанка кај која била најдена дрога

На 09.07.2020 во 01.15 часот на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид извршиле преглед над В.Т.(20) од Охрид и во возило „ауди“, со охридски регистарски ознаки, што таа го управувала, при што пронашле марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.
В.Т. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.