20/04/2024
Охрид

Приведени 4 лица поради тепачка во пекара во Охрид

Утрово (27.04.2019) во 04:00 часот, во пекара лоцирана на улицата „7 ноември“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Р.(27), Д.Б.(42), од Охрид, од една, и Б.М.(40) од селото Ботун и С.Д.(41) од друга страна.

Понатамошниот тек на нарушувањето е спречено од полициските службеници, а учесниците се приведени. Против нив, ќе биде поднесена пријава.