19/04/2024
Македонија

Приведени четири лица фатени при кражба

На 13.02 2021 во 17.10 часот на подрачјето на Мирковци од страна на полициски службеници од Полициско одделение Мирковци лишени се од слобода Р.Н.(54), И.М.(22) и двајца малолетници, затоа што биле фатени на лице место како извршуваат кривично дело кражба од деловен субјект. Украдените предмети најдени кај нив се вратени на сопственикот, а по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.