24/04/2024
Македонија

Приведени дилери на хероин од Штип

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против З.К.(46) и неговата сопруга В.К.(44) од Штип, организатори на криминална група, која вршела продажба на хероин на подрачјето на Штип и Радовиш.

Имено, на 29.01.2019 година, на подрачјето на СВР Штип од страна на Одделот за криминалистичка полиција во координација со СВР Штип извршен е претрес во домот на З.К., каде е пронајдена наркотична дрога хероин (вкупно околу 180 грама) и истиот е затекнат во моментот на препакување на дрогата. Во врска со овој случај, од слобода се лишени и други 12 лица и извршени се претреси на домови на неколку локации во Штип, и против нив дополнително ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Против З.К. и В.К. СВР Штип до ОЈО Штип поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсори“. Од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Во врска со истиот случај во текот на месецов од слобода се лишени уште две лица, кои веќе се наоѓаат во притвор.