19/04/2024
Македонија

Приведени двајца разбојници, расчистени пет разбојништва и тешки кражби

На 05.10.2020 околу 19.30 часот на бул Партизански одреди во Скопје полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош приведоа двајца разбојници А.И. (22) и Д.К. (17) од Скопје, кои непосредно пред тоа се обиделе да украдат пари од маркет на бул. Партизански одреди. Веднаш по добиената пријава, лицата се пронајдени и приведени од полициски службеници од ОКР Карпош.

До сега е документирано дека лицата се сторители на пет кривични дела- разбојништва во обложувалници, како и тешки кражби во цркви и маркети.