24/04/2024
Охрид

Приведени две лица кои биле затекнати како користат дрога на паркинг во Охрид

На 08.03.2020 во 03:40 часот на паркинг во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Д.С.(28) и Д.Т.(29), двајцата од Охрид.

При преглед на патничко возило „Алфа Ромео“ со охридски регистарски ознаки, во кое се наоѓале, била пронајдена бела прашката материја, а Д.С. бил затекнат како конзумира дрога.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.