25/04/2024
ДебрцаОхрид

Приведени две лица од Лешани кои „дивееле“во угостителски објект во Охрид

На 28.08.2020  во  04:15 часот, во угостителски објект лоциран на булевар „Железничка“ во Охрид, В.М.(38) и Д.Ј.(32), двајцата од селото Лешани, општина Дебрца, го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија со персоналот, а потоа и со  оштетување на инвентарот од објектот.

Двајцата се приведени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.