20/04/2024
Охрид

Приведени Холанѓани кои нападнале татко и ќерка

На ден 02.06.2019 година, во 21:05 часот во Полициската станица во Охрид, К.М. (69) од Охрид пријавил дека бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад во вила лоцирана на улицата „Кеј Македонија“ во Охрид.

К.М. пријавил дека тој и неговата ќерка К.К. биле физички нападнати од гости во вилата В.Г. Е.Ј. и А.Т. од Холандија. В.Г. Е. Ј. и А.Т се приведени во Полициската станица во Охрид и се работи на расчистување на случајот.