18/04/2024
Македонија

Приведени шест лица од скопската населба Ченто

По добиени оперативни сознанија за можни сторители на кривични дела “недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидени и казниви по чл.396 и чл.215 од КЗ на РМ, врз основа на издадена Судска наредба денес (30.01.) припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во скопската населба Ченто извршија претрес во домовите на лицата: А.А. (35), Р.А. (48), Х.А. (47), А.А. (45), А.А. (40) и И.М. (49).

Притоа, во претресите на домовите на посочените лица на ул “Фуштанска“ и на ул “Методиј Андонов Ченто“ откриени и запленети се една автоматска пушка, две рамки за муниција, една воздушна пушка, прибор за чистење и пластичен куфер; еден метален пиштол со дрвен ракофат „М 57“ кал.7,62 мм со вметната рамка со осум куршуми; еден пиштол марка „Zoraki“ М 906-В кал.7,65мм, една рамка со шест куршуми кал.7,65 како и една паковка со непозната грутчеста кафеава материја. Исто така откриена и одземена е и уште една пушка. Лицата се приведени и со нив е извршен разговор, а Единицата за недозволена трговија во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје по целосно документирање на случајот до Основното јавно обвинителство ќе достави соодветни поднесоци.