Приведени три лица барани со потерница, спроведени се во затвор

На 28.10.2020 во 10.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип е приведен Е.С.(32) од Штип за издржување на казна затвор. Лицето е спроведено во КПУ Струмица. На 28.10.2020 во 05.50 и во 06.25 часот од страна на полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица приведени се М.С. од с.Саса и И.И. од Македонска Каменица за издржување казна затвор. М.С. е спроведен во КПУ Струмица, а И.И. во КПУ Штип.