25/04/2024
Македонија

Приведени тројца нарко дилери

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија за два одвоени случаи на недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривични пријави против лицата Н.С. (45), Џ.Д. (35) и Д.Г. (21), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија. Секторот за внатрешни работи Скопје-Единица за недозволена трговија, исто така, реализираше и еден случај на недозволена трговија со оружје.

Во првиот случај на 05.02.2018 година, а врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот кај лицето Н.С. (45) со живеалиште на ул. „Венијамин Манчуковски“ во Скопје. При претресот биле пронајдени 23 полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна маса од 20,10 грама, наменети за улична препродажба. Исто така, наредниот ден на посочената улица, а во рамки на оперативните активности околу овој случај, полициските службеници запреле моторно возило сопственост и управувано од Џ.Д.(35). Врз лицето бил извршен преглед и притоа биле пронајдени две полиетиленски пакувања наркотична дрога хероин со вкупна маса од 24,42 грама.

Во вториот случај, на 05.02.2018 година полициски службеници од Одделенито за недозволена трговија со дрога, на паркинг простор на ул. „Лазар Трпковски“, го забележале лицето Д.Г. Поради постоење основи на сомнение дека поседува предмети кои потекнуваат од кривично дело, врз лицето бил извршен преглед. При прегледот, Д.Г. од десниот џеб извадил и предал една најлонска кеса со марихуана со маса од 47,81 грама и една најлонска кеса со амфетамин со маса од 14,69 грама.

Покрај ова, на 06-ти овој месец, врз основа на судска наредба, а поради сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниви по член 396 и член 215 од Кривичниот законик на Република Македонија, биле извршени претреси на дом и други простории кај лицата С.Р. (29), Б.Р. (52) и Ј.К. (30), сите од Скопје. При претресот во домот на С.Р. (29) во с.Батинци бил пронајден еден пиштол со една празна рамка. Со потврда за одземени предмети, пиштолот и рамката биле одземени, а С.Р. бил лишен од слобода и со него бил извршен службен разговор. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.