25/04/2024
Охрид

Приведени тројца охриѓани кај кои во возило била пронајдена дрога

На 22.09.2020 во 02:40 часот во СВР Охрид биле приведени С.С.(19), А.Ѓ.(19) и А.В.(20), сите од Охрид, затоа што при преглед кај нив во патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, полициски службеници пронашле и одзеле марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.