Приведено лице од битолско, кај него пронајдени оружје и муниција
Денеска (12.05.2021) полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола, го лишиле од слобода Б.Б.(41) од с.Жабени, битолско. При преглед на патничко возило “ауди”, кое го управувал, бил пронајден пиштол “црвена застава” и рамка со 5 куршуми за истиот, а за кои не поседува соодветна дозвола за оружје. Врз основа на Наредба издадена од судија на претходна постапка од Основен суд Битола извршен е и претрес во неговиот дом, при што е пронајдена автоматска пушка, една рамка и 15 куршуми за кои, исто така, не поседувал дозвола.
Б.Б.е приведен во полициска станица, а за случајот е известен Јавен обвинител. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.