29/03/2024
Македонија

Приведено лице од скопско, при претрес во нелегална импровизирана работилница запленет над 1 тон тутун

На 18.11.2021 во 18.50 часот на подрачјето на Чаир полициски службеници од Одделот за криминалстичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи заедно со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.Ќ.(31) од с.Љуботен, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Имено, во заедничка акција со Царинска управа на Република Северна Македонија за недозволено производство и продажба на режан тутун на подрачјето на Скопје, при извршена контрола на патничко возило „ауди А4 караван“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ќ. и при претрес во неговата куќа во с.Љуботен, извршен со судска наредба, биле пронајдени 750 пакувања со режан тутун, со вкупна тежина од околу 224 килограми, како 865 килограми тутун во лист, машина за производство на режан тутун, поголема количина на амбалажа за пакување тутун со различни натписи од повеќе видови тутун, ваги за мерење, опрема и картонски кутии за пакување на тутун. Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.