29/03/2024
Струга

Приведено лице од струшко за доиздржување на затворска казна

На 22.03.2021 во 13.35 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, по претходна наредба од Основниот суд во Струга, од слобода е лишен И.М.(39), од струшкото село Радолишта. Тој претходно избегал од Казнено-поправната установа „Затвор“ Струга, каде повторно е вратен на издржување на затворска казна.