20/04/2024
Струга

Приведено лице од струшко за издржување затворска казна

На 07.05.2022 во 14.50 часот во с.Враништа, струшко, полициски службеници од Полициското одделение Велешта, врз основа на наредба од Основен суд Струга го привеле П.И.(28) од с.Велешта, струшко, за издржување затворска казна од една година.

Во 15.20 часот лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Струга за издржување на казната.