20/04/2024
Македонија

Приведено лицето што пукаше вчера во полициски службеник во Велес

Денеска (03.02.2020) околу 10.00 часот, полициски службеници го лишиле од слобода и го привеле во Полициска станица Велес Ѓ.К.(31) од Велес. Тој, на 02.02.2020 околу 10.15 часот пред црквата „Св.Спас“, кај Градските гробишта во Велес, на полицискиот службеник Е.М.(46) му го одзел службениот пиштол и пукал кон него. Претходно, тој со уште три лица физички нападнале полициски службеници при преземање на службени дејства. Тројца од напаѓачите беа приведени вчера во полициска станица. По целосно расчистување на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.