25/01/2026
Регион/Свет

Проблеми во Cloudflare дата-центарот во Софија предизвикуваат грешки на повеќе веб-страници

Денес, голем број корисници од Балканот се соочија со порака за „Internal Server Error – Error code 500“ при обид да пристапат до различни веб-страници.

Според информациите на Cloudflare, грешката е поврзана со нивниот дата-центар во Софија, кој моментално има технички проблеми. Поради тоа, повеќе страници што користат Cloudflare како заштита и посредник меѓу корисниците и серверите се недостапни.

Ова е типичен 500 – Internal Server Error, што значи дека серверот не успеал да ја обработи барањето. Во случајов, проблемот не е кај корисниците, туку кај инфраструктурата на Cloudflare.

Компанијата веќе работи на решавање на проблемот, а корисниците се советуваат да ја следат страницата за статус за официјални информации.