24/04/2024
Македонија

Продолжен рокот за аплицирање за Грант програмата за зајакнување на соработката меѓу училиштата и бизнис заедницата

Со оглед на големата заинтересираност од страна на училиштата и партнер компаниите и нивно барање за продолжување на рокот за аплицирање за Грант програмата за зајакнување на соработката меѓу училиштата и бизнис заедницата, по однос на повикот за доделување грантови за финансирање проекти на јавните средни стручни училишта во Р.Македонија, Министерството за образование и наука го продолжува крајниот рок за аплицирање до 11 јуни 2018 година.

Сите заинтересирани училишта, на кои што им треба помош и поддршка при подготовка на апликациите, може да се обратат до проектната единица при Министерството.