Продолжува хуманитарната акција „Купете новогодишен украс, а не петарди!“

И овие последни денови од оваа година, под мотото „КУПЕТЕ НОВОГОДИШЕН УКРАС, А НЕ ПЕТАРДИ!!!“, продолжува хуманитарната новогодишна акција на Црвен крст Охрид при која се продаваат уникатни новогодишни креации, рачно изработени од страна на волонтерите на Црвен крст Охрид од сите возрасти.

Новогодишните украси ќе бидат изложени и достапни на сите наши сограѓани и гости денес 29.12.2018 (сабота) и утре 30.12.2018 (недела) на Градскиот плоштад Св.Климент Охридски од 12:00-14:00 часот, а можност да ја искажат својата хуманост со купувањето на новогодишните креации на Црвен крст Охрид ќе имаат и посетителите на музичкиот концерт на групата Камелеон во сабота, во 19 часот во Центарот за култура Григор Прличев.

Декември е месец на дарување. Бидете хумани и дарувајте.

Волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид и од Програмата на грижа за стари лица ве очекуваат.

Средствата собрани од хуманитарната продажна акција ќе бидат наменети за купување на Новогодишни пакетчиња за децата од социјално загрозените семејства.