20/04/2024
Македонија

Продолжува трендот на раст на платите, април 2018 со просечна нето плата од 23.942 денари

Последните објавени податоци на Државниот завод за статистика го потврдија трендот на раст на платите кој е резултат на економските мерки и политики што ги спроведува Владата на Република Македонија.

Во април 2018 година просечната нето плата изнесува 23.942 денари што значи дека има зголемување од 5.6% во однос на истиот месец претходната година кога просечната исплатена нето плата по вработен била пониска за 1270 денари и изнесувала 22 672 денари.

Растот на исплатената просечна нето плата се должи на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите, рударство и вадење на камен (32.2 %), преработувачка индустрија (13.0 %) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.4 %), како и на стимулативните мерки на Владата за поддршка на компаниите да обезбедат раст на платите за своите вработени.

Очекуваме трендот на раст на платите уште посилно и поизразено да продолжи со решавањето на македонско – грчкиот спор за името, со приближувањето кон членство на Република Македонија во НАТО и со интеграцијата на земјата во Европската Унија.