19/04/2024
Охрид

Продолжуваат успесите на ученици од ОУ „Григор Прличев“

Ученикот од ОУ „Григор Прличев“, Охрид,  Лео Нелоски влезе во Книгата на гинисови рекорди како учесник на најбројниот абакус час, одржан во Обединетите Арабски Емирати во Дубаи на 24. Ноември 2018 година.

„Училиштето се гордее со ученикот кој на истиот тој настан освои пехар во областа ментална аритметика, а е успешен и на други полиња. На Манифестацијата за популаризација на математиката и природните науки „Ноември – месец на науката“ ученикот освои прва награда од областа географија и втора награда од областа природни науки.“- информираат од училиштето.

Вискои резултати постигна ученикот Стефан Паункоски IX одделение кој го освои второто место на Државниот натпревар по македонски јазик под менторство на Силвија Мојсовска, како и ученичката Нина Нелоска VIII одделение која го освои третото место на државниот натпревар по англиски јазик, под менторство на Билјана Маркоска.