20/04/2024
Македонија

Продолжуваат засилените контроли за спречување на дивите трки по скопските сообраќајници

Во периодот од 20,00 часот (04.07.) до 01,30 часот (05.07.) од страна на Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за внатрешни работи Скопје и Полициското одделение за сообраќајно ескортно обезбедување повторно беа превземани посебни мерки и активности во делот на сообраќајот за спречување на организирање и учество во диви трки на моторциклисти.

Притоа од страна на полициските службеници од Одделението за Безбедност на сообраќајот на патиштата привремно беа задржани пет мотоцикли, поради постоење на сомнение дека во нив се вградени одделни системи, составни делови, самостојни технички единици и опрема што се разликува од основно вградените издувни системи, согласно член 54 од Законот за возила, а против нивните сопственици ќе бидат преземени мерки по Законот за безбедност на патниот сообраќај и Закон за возила. Покрај ова, а согласно законските норми, беа преземени вкупно 27 мерки за сторени сообраќајни прекршоци по разни основи.