19/04/2024
Македонија

Продолжуваат засилените сообраќајни контроли за спречување на дивите трки по скопските сообраќајници

Во текот на изминатата вечер (08/09.06.) во периодот од 22,00 до 01,00 од страна на одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје, повторно беа превземени мерки и активности по однос на превенцијата и спречувањето на организирање на т.н. диви трки на подрачјето на главниот град, односно во делот на сообраќајниците “Партизански oдреди“, “Митрополит Теодосиј Гологанов“ и “Васил Чакаларов“.

Притоа, приведени се две лица, а во полициска станица се задржани и четири моторцикли, од кои што два моторцикла заради потоење сомневање дека се вградени одделни системи, составни делови,самостојни технички единици и опрема што се разликуваат од основно вградените издувни системи согласно чл. 54 од Законот за возила, а другите два моторцикли заради утврдување на сопственост.

Исто така издадени се и вкупно 107 мандатни платни налози по основ на разни прекршоци од Законите за безбедност на патниот сообраќај и Законот за возила.