25/04/2024
Охрид

Проект за меѓуетничка интеграција помеѓу ОУ „Живко Чинго“ и ОУ „Фаик Коница“ – Доброште

Денес во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти се реализира Проектот за меѓуетничка интеграција помеѓу збратимените училишта ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти и ОУ „Фаик Коница“ – Доброште, општина Теарце.

Во рамки на Проектот учениците заедно беа вклучени во естетско уредување на училишниот простор, хортикултурни активности, а ги запознаваа и природните убавини на Охрид.