Проект за заедничка грижа за правилно насочување на учениците

Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „ Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ , што го имплементира ОУ „Ванчо Николески“ од Лескоец, денеска ученици од прво до петто одделение од подрачното училиште во Косел со нивни наставнички ја посетија општина Охрид. Тие имаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски и со Љупка Аслимоска Маркоска, вработена во Локалната самоуправа, родител на ученичка во второ одделение во подрачното училиште во Косел.

Целта на проектот е запознавање на учениците од одделенска настава од подрачното училиште во Косел со институција во која работи некој од родителите. Родителот Љупка Аслимоска Маркоска , во улога на наставник во просторијата во која работи, ги запозна учениците со нејзините секојдневни работни обврски, потребните стручни квалификации и предизвиците со кои се соочува.