28/03/2024
Македонија

Програма за одбележување на „Денот на даночните работници“

Во рамките на Програмата за одбележување на „Денот на даночните работници“ и Програмата за општествена одговорност на Управата за јавни приходи, преку активна соработка со Синдикалната организација на УЈП, продолжува да се фокусира на најранливите категории на граѓани, најмладите, вработените во УЈП, животната средина преку организирање на крводарителска и хуманитарна акција, подигање на свеста и посветеност на даночната администрација за заштита на животната средина, континуирана едукација на најмладите за јакнење на даночната свест…

Во рамки на Крводарителската акција на Управата за јавни приходи „Капка крв, спасува живот“, над 130 даночници даруваат крв на 15 пункта низ Македонија, поставени во центрите за дарување крв во: Скопје, Битола, Тетово, Гостивар, Кичево, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Велес, Гевгелија, Струмица, Штип, Куманово, Струга и Кочани.

Овогодинешната хуманитарна акција на Управата за јавни приходи „Биди човек, биди хуман!“ е наменета за ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола. Преку симболична донација од вработените во Управата за јавни приходи во вредност од 105.580 денари, се надеваме дека ќе придонесеме за подобра грижа и услови за развој на најмладите генерации.

Акцијата на даночниците под мотото „Биди човек, биди хуман!“ се одржува традиционално шеста година по ред, во соработка со Синдикалната организација.

Krvodaritelska_2017_1_thumb Krvodaritelska_2017_2_thumb Krvodaritelska_2017_3_thumb Krvodaritelska_2017_4_thumb
(27.11.2017) Крводарителска акција „Капка крв, спасува живот“
(27.11.2017) Крводарителска акција „Капка крв, спасува живот“
(27.11.2017) Крводарителска акција „Капка крв, спасува живот“
(27.11.2017) Крводарителска акција „Капка крв, спасува живот“
Humanitarna_27 Humanitarna_27 Humanitarna_27 Humanitarna_27
(27.11.2017) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман!“
(27.11.2017) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман!“
(27.11.2017) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман!“
(27.11.2017) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман!“
Humanitarna_27 Humanitarna_27
(27.11.2017) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман!“
(27.11.2017) Хуманитарна акција „Биди човек, биди хуман!“