20/04/2026
Спорт

Пролетна жетва на медали од “Тирана Опен 2026“ за Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација викнедов учествуваше на Меѓународниот натпревар ТИРАНА ОПЕН 2026 во соседна Албанија. Под водство на Марјанчо Лазаревски, Саша Поповски и Божидар Димитриевиќ боите на Македонија ги бранаеа 29 натпреварувачи од пет клубови на М.Т.Т.Ф. На овај наптревар учествуваа околу 200 натпреварувачи од 7 земји до Европа, Албанија, Македонија, Србија, Косово, Шведска, Австрија и Украина. Најбројни беа натпреварувачите на Украина па повеќето финални и полуфинални борби нашите натпреварувачи се бореа против нив. Вкупно како федерација освоени се 15 златни медали, 13 сребрени, 14 бронзени, 2 пехари за најдобри поединци и Пехар за трето место севкупен пласман.

„Како претседател на Федерација сум премногу горд на овај успех и сум блаогдарен на нашите натпреварувачи што дадоја се од себе да ја претстават Македонија во најубаво светло, посебно ме радува фактот дека најповеќе се осовени златни медали во однос на сребрени и бронзени, што е многу редок случај, што е показател дека одиме во нагорен показател во однос на квалитетот на нашите натпреварувачи. Посебно сакам да пофалам дел од нашите решрезентативци кои уествуваа на овај натпревар и сите се закитија со златни медали во борби што покажува дека се во добра форма, Миа Танеска, Владимир Димитриевиќ, Божидар Димитриевиќ, Теодора Митреска која се закити и со пехар за најдобра сениорка. Во дисциплината Бест оф д бест над 18 години се бореа Теодора Митреска, Владимир Димитриевиќ кој беше спортист на годината на општина Охрид, Божидар Димитриевиќ и освојувајќи награди од по 100 евра. Исто така за пофалба е Христијан Шибаковски пд Хва Ранг ИТФ, кој беше избран за спортска надеж на општина Охрид за 2025 година кој во дисциплините форми и борби освои два златни медали и беше награден со пехар за најдобра кадет до 14 години. А неговиот пример го следеше и Павел Џикоски од Сонкал осовјувајќи два златни медали во дисциплините форми и борби, но за жал не му беше доделен пехар за најдобро дете. Следен предизвик за М.Т.Т.Ф е учество на Европско првенство на Крит, кое ќе се одржи од 19-26.04 2026 година, во тек се припремите каде 7 натпреварувачи ќе ги бранат боите на Македонија.

Сакаме да се заблагодариме на генералниот спонзор ПН МЕТАЛ и општината Охрид кои не подржуваат во нашите напори да се качуваме по скалите на успехот.“ – изјави Марјанчо Лазаревски – претседател на МТТФ.

Остварени резултати

Хва Ранг ИТФ

1, Теодора Митреска 

1 место борби 18-34г. 65кг

1 место форми црвен појас/ 18-34г

2 место борби 16-17г. 65кг

1 место борби Бест оф д бест 100€ 

Пехар за најдобар поединец 18-34г.

2. Христијан Шибаковски 

1 место борби 12-13г 40кг

1 место форми жолт виши

пехар за најдобар поединец 12-13год 

3. Миа Танеска 

1место борби 12-14г. -65кг.

3место форми црвен појас 12-14г

4, Мелани Стојановска 

1место борби  89г. 30кг

5. Емилија Трајческа  

1 место форми бел виши  89г

2 место борби 9-10г. 30кг

6. Адријана Китаноска 

3 место борби 12г. 57кг

7. Јана Влаоска 

3 место борби 12г. 55кг 

8. Филип Митрески 

2место борби 15-17г. 68кг.

2место форми плав појас 15-17г.

ГЕ БЕК

1. Владимир Димитриевиќ

 – 1 место борби Бест оф д бест 100€ 

2. Божидар Димитриевиќ

  – 1 место борби Бест оф д бест 100€ 

3. Иван Шундовски

– 1 место форми,

– 3 место борби

4. Михаил Гошевски

– 3 место форми,

–1 место борби

5. Димитар Андоноски

– 2 место борби

6. Медина Мусиќ

– 2 место борби

7. Марија Тунтеска

– 2 место борби

8. Виктор Рунчески

– 2 место форми,

– 2 место борби

9. Андреј Рунчески

– 3 место форми,

 – 3 место борби

СОНКАЛ

1. Павел Џикоски 

1место форми 9-10г бел појас 

1место борби 41кг 9-10г 

2. Јаков Гагалески 

3 место борби 8год, 23кг

2место форми  бел виши појас, 8год

3. Дамјан Гагалески 

 2место форми  Бел виши појас  8г.

3 место борби 8г. 21кг 

4. Кристијан Гагалески .

3 место  борби 10-11, 27кг

5. Максим Шулески 

3 место форми 9 г жолт појас 

 

МАСТЕР

1. Евгенија Трајкоски 

1 место форми 10-11 бел виши 

2. Мартин Нанески 

2 место борби  13г. 51кг

3. Анастасија Ристеска 

3 место борби 12-14г. 65кг

2 место форми  12-14г. Зелен појас

 

ЧОНЏИ  

1. Михаил Крстаноски .

3место борби 16г. 56кг

3место форми плав појас  16г.

 

ВКУПНО: 

 

Хва Ранг ИТФ 8 златни, 4 сребрени, 3 бронзени медали   + 2 пехари за најдобри поединци

Гебек 4 златни, 5 сребрени, 4 бронзени медали

Сонкал 2 златни, 2 сребрени, 4 бронзени медали

Мастер 1 златен, 2 сребрен, 1 бронзен медал

Чонџи 2 бронзени медали

 

ПЕХАР ЗА ОСОВЕНО ТРЕТО МЕСТО СЕВКУПЕН ПЛАСМАН