29/03/2024
Охрид

Пролетни активности за уредување на градското зеленило и чистење јавните површини на територија на општина Охрид

Екипите на ЈП “Охридски Комуналец” деновиве спроведуваат низа пролетни активности за уредување на градското зеленило и чистење јавните површини на територија на општина Охрид.
➡️Се уредуваат цветните садници на делот околу дрворедите на неколку улици.
➡️Се врши косење на јавните тревни површини.
➡️Се чисти и подига ситен отпад во приградските населби и села согласно програмата за работа.
➡️Се отстранува дива и неуредна вегетација на регионалниот пат Охрид- Свети Наум, а подигната е значителна количина на комунален отпад.
Ваквите активности континуирано ќе се спроведуваат и во текот на наредниот период.