19/04/2024
ДебрцаСпорт

Пролонгиран рокот за пријавување на екипи на Турнирот во мал фудбал „Петровден“ – Мешеишта

Рокот за пријавување на Турнирот во мал фудбал “ПЕТРОВДЕН” Мешеишта е пролонгиран до среда (23.06.2021) до 21:00 часот, кога ќе се изврши извлекувањето и распоредувањето на тимовите во групи.

Пријавувањето се врши кај Игор Крцоски (Манце) 075 701 800. За учество секоја екипа треба да плати 3000 денари. Натпреварите ќе се играат во вечерните часови под рефлекторско осветлување и во присуство на професионални судии.

Турнирот се организира и ќе се одржува според пропишаните мерки и протоколи за одржување на спортски настани.