21/01/2026
Македонија

Променливо време со обилни врнежи и заладување

И утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи.

Поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

Во почетокот на следната седмица утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.