19/04/2024
Охрид

Промоција на книгата „Македонска разгледница“ од Гоце Џуклески

Во петок на 25 октомври во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ќе биде промовирана книгата од областа на музиката „Македонска разгледница“ од проф. д-р Гоце Џуклески. Книгата содржи 31 мелографски записи на исто толку ора.

Со промоцијата на книгата Џуклески истовремено одбележува 40 години од своето музичко творештво и присуство на естрадата.

Промотор на „Македонска разгледница“ ќе биде композиторот и хармоникаш Сашо Ливрински, а ќе бидат прочитани и делови од рецензиите на музиколозите Кирил Тодевски и Марко Коловски.

Настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на библиотеката со почеток во 19 и 30 часот.