20/04/2024
Охрид

Промовирана книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“

Во Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид, се одржа промоција на книгата „Манастирите во Дебарско – Кичевската Епархија“. На промоцијата претходеше света архиерејска Литургија, на која во присуство на Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј.

На Литургијата присуствуваа и Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид, како и Сашо Донев, претседател на Советот на Општина Охрид. По завршувањето на Литургијата, Епископот Партениј се обрати кон верниците со пригодна беседа.

На настанот беше одбележан и јубилејот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, 40 години служба во Македонска Православна Црква.


WebOhrid / 27.12.2021 / Општина Охрид