29/03/2024
Охрид

Промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев

Во музејот „Куќата на Робевци“, во рамки на празнувањата по повод Патронот на Охрид, беше промовирана новата книга на професорот Димитар Пандев, „Охридската Писменост“.

Книгата „Охридска писменост“, ја промовираше поетот Славе Ѓорѓо Димсоки, кој посочи дека таа е книга кој ги соединува фактите и легендите за ширењето на писменоста на овие простори.

Авторот на книгата, професорот Пандев, изрази голема благодарност до уметникот Никола Упевче за уникатната изработка на корицата и до општина Охрид за несебичната поддршка што ја дава за создавање на вакви трајни дела.

По завршувањето на промоцијата, сите присутни ојдоа во разглед на новите археолошки и фолклорни поставки кој се наоѓаат во музејот „Куќа на Робевци“.