20/04/2024
Охрид

Промовирана турската култура

Преку културно – уметнички активности, синоќа, на градскиот плоштад, беше промовирана турската култура.

Промоцијата на турската култура беше организирана од страна на општина Кучукчекмеџе во соработка со институтот  Јунус Емре и општина Охрид.

Во склоп на проектот „ Балкански караван“,  беа прикажани народни ора од различни предели на земјата, куклена претстава Хаџиват и Караѓоз, дервишки танц, исто така се прикажааа техники на уметностите Ебру, Бакар и Калиграфија.

Целата манифестација беше збогатена со турско кафе, османлиски маџун и шеќерен памук.