28/03/2024
Македонија

Промовирани новите даночни услуги „Е-персонален данок“

Со резултатите кои ги постигнавме со ЕУ поддршката обезбедена преку ИПА фондовите, направивме голем исчекор и промена на концептот на администрирањето на даноците во Македонија, но и промена во пристапот до нашите услуги. Во „е-Персонален данок“ ги вградивме најдобрите европски практики по македонски рецепт и развивме услуги со кои можеме да се носиме „рамо до рамо“ со модерните даночни администрации. Новите електронски услуги за Персонален данок овозможуваат во целост поедноставување на постапките и намалување на административниот товар за пријавување и плаќање на данокот од страна на фирмите и на граѓаните.

https://www.youtube.com/watch?v=jz4cRfwnwTM