Пронајдена дрога кај битолчанец

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Т.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 01.08.2019 на ул.„Партизанска“ во Струга, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, управувано од пријавениот, при што пронашле марихуана и дробилка.