19/04/2024
Охрид

Пронајдена дрога кај двајца охриѓани

СВР Охрид поднесе две кривични пријави против Д.А.(31) и К.Н.(22), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „овозможување употреба на наркотични дроги“.

На 05.03.2020 во Охрид, при преглед на патничко возило „рено меган“, во кое биле пријавените, бил пронајден и одземен кокаин.