18/04/2024
Охрид

Пронајдена дрога кај лице од Кичево во близина на угостителски објект на патот Охрид – Кичево

На 17.02.2021 во 21.00 часот, во близина на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, од страна на полициски службеници е извршен преглед врз Е.В.(21) од Кичево, при што била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.