Пронајдена дрога кај охриѓанец

На 18.08.2020 година во 02.45 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, при преглед во патничко возило „Цитроен Берлинго“, сопственост на А.Џ.(48) од Охрид, полициски службеници пронајдоа и одзедоа три кеси со марихуана.

Дополнително, во близина на неговиот дом на истата улица, пронајдени се шише со течност и марихуана. А.Џ. е лишен од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.