16/04/2024
Струга

Пронајдена дрога кај патник на ГП Ќафасан

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.Т.(19) од Тирана-Република Албанија.

На 19.03.2019 година, при извршена контрола и преглед на автобус кај граничниот премин „Ќафасан“, завиткана помеѓу алишта во негов ранец оставен на задните седишта од автобусот, пронајдена е кеса со наркотичка дрога марихуана.